Шаќири: Јавната администрација драматично се промени во последните години

од Даниел Ѓорѓиевски
301 прегледи

Законот за вработените во јавниот сектор обезбедува механизам за спроведување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници, врз основа на годишните планови за вработување во институциите, рече министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, на петтата седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.

“Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамките на државата. Идејата за договорот за поделба на власта беше на сите етнички заедници во Македонија да им се гарантира политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување. Оваа година се реализираше уште еден важен чекор, а тоа е  систематизацијата на вработените со Рамковниот договор на соодветните работни места, што значително го унапреди прашањето за правична застапеност во институциите каде имаше повеќе недостатоци, преку К-5 програмата” рече Шаќири.

Министерот Шаќири државната администрација ја гледа како важен дел од општеството која им припаѓа на сите граѓани без оглед на етничката и верската припадност.Според него важно е што во последните години има драматична промена во јавната администрација.

Слични содржини