Здравствените работници во Грција ќе бидат суспендирани доколку одбијат да се вакцинираат според новата задолжителна политика што ја објави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Персоналот во домовите за стари лица ќе биде суспендиран од 16 август доколку не закаже термин за вакцинација, додека истото ќе важи во септември за вработените во државните и приватните болници, објави АП.
Од петок до крајот на август, сите затворени комерцијални простории, вклучително и барови, кина и театри, ќе бидат достапни само за вакцинираните.
„После година и пол, никој не може да тврди дека коронавирусот е непознат“, рече Мицотакис во телевизиско обраќање.
„Земјата повторно ќе биде заклучена поради ставот заземе од одредени луѓе … Опасноста не е Грција, туку невакцинираните Грци“, истакна тој, пренесува Танјуг.
Ограничувањата ќе важат низ целата земја и грчките острови и другите големи туристички дестинации.