Мобилност и поврзување на младите од регионот како неопходен услов за помирување, соработка и заедничка иднина. Ова е главната цел на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), на земјите од Западен Балкан, рече премиерот Зоран Заев на средбата со новоизбрниот генерален секретар Алберт Хани.
Честитајќи му на изборот премиерот Заев посочи дека РС Македонија, како земја потписничка на договорот за основање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ќе продолжи како и до сега активно да ги поддржува програмите на регионалната канцеларија со седиште во Тирана.
– Како една од најзначајните цели на иницијaтивата на Берлинскиот процес во чии рамки е основана, Регионалнта канцеларија за младинска соработка (RYCO), е важна за поврзување на младите од регионот на Западен Балкан, рече Заев.
Новоименуваниот генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Хани рече дека РС Македонија во оваа регионална мрежа е препознаена како една од најактивните земји во регионот и дека некои од младинските политики на земјата се земени за пример за успешна имплементација на најважните прашања за младите.