Во Израел трета доза вакцини за луѓето со трансплантирани органи и болни од канцер

од desk4
590 прегледи

 

Со зголемувањето на бројот на заболени од Делта – сојот на коронавирус, Израел започна да ги вакцинира  пациентите со оштетен имунолошки систем со  трета доза Pfizer / BioNTech . Ова го соопшти израелското Министерството за здравство. Со трета доза на вакцини ќе се имунизираат луѓе со трансплантација на срце, бели дробови и бубрези и некои пациенти заболени со рак.

„Има акумулирани докази дека пациентите со имуносупресија не развиваат соодветен одговор на антитела по две дози вакцини“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Поради брзата реакција во вакцинирањето на своите граѓани со Pfizer / BioNTech Израел, минатиот месец успеа да ги намали потврдените дневни случаи на едноцифрени. Со над 85 проценти од возрасната популација целосно вакцинирани, Израел ги укина сите мерки за спречување на пандемијата, враќајќи ја употребата на простории во затворено и отстранувајќи ги ограничувањата на големите собири.

Појавата на варијантата Делта – прва идентификувана во Индија во април – доведе до зголемување на преносот на вирусот, при што се пријавуваат неколку стотици нови инфекции дневно. Експертите велат дека има јасни знаци дека вакцината е помалку ефикасна во спречување на лесна болест против варијантата Делта. Медицинскиот центар Шеба во Тел Авив објави дека ќе вакцинира неколку пациенти со трансплантација на срце со трета доза.

Слични содржини