Турската актерка Бергузар Корел неодамна објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит Ергенч, а сега на своите следбеници на социјалните мрежи им го откри името на ќерката што наскоро ќе ја добие.
Актерската двојка чека девојче, кое ќе ја „зацврсти“ женската страна на семејството, со оглед дека веќе имаат два сина.
Уште кога се дозна дека популарните Онур и Шехерезада повторно ќе станат родители, јавноста со нетрпение го чека името на детето, што убавата актерка сега го откри.
„Утринско кафе со Лејла“, напиша бремената Бергузар под фотографијата на која позира со сопругот.
View this post on Instagram
Интересно е што актерката излезе со името на својата ќерка кога по вторпат беше во благословена состојба, но ултразвукот тогаш покажа дека чекаат син.
Инаку, Бергузар пред турските медиуми опиша пред неколку дена како се чувствува.
„Бременоста е и застрашувачка и убава. Постојат некои работи кои се полесни отколку во претходните бремености, затоа што знаете што ве чека, но во други е многу потешко. На пример, се здебелив 16 килограми, додека во првата бременост во овој период добив девет или десет. Сепак, тоа се слатки маки“, рече актерката.