Шехерезад и Онур повторно станаа родители на син

од Elena Daskalova

Турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч станаа родители по вторпат, откако таа се породи и на свет донесе машко бебе.

Нивниот син го доби името Хан. Корел и Ергенч ги паметиме како Шехерезад и Онур од популарната турска серија „1001 ноќ“. Тие и на телевизиските екрани глумеа пар, а љубовта ја пренесоа и во реалниот живот.

Славниот пар е едни од ретките турски актери кои секогаш се расположени да позираат пред медиумите или со фановите, но резервирани се за откривање детали околку приватноста. Тие веќе го имаат 9-годишниот син Али.

Слични содржини