Австралиските кошаркари му нанесоа нов пораз на тимот на САД, со 91:83, во салата во Лас Вегас, на подготовките за Олимписките игри.
Американците водеа до крајот на третиот дел, кога Австралија поведе.
Американците поведоа 82:80, но практично ја завршија својата игра тука, бидејќи серијата од 11:1 го реши мечот.
По поразот од Нигерија, ѕвездите на НБА добија уште еден удар, а заслугата ја има Пети Милс.
Тој постигна 10 од 22 поени во последниот дел, со што се реши натпреварот.
Демијан Лилард ја предводеше селекцијата на САД со 22 поени, постигна шест тројки, а Милс не го криеше својот ентузијазам по мечот.
„На почетокот на подготовките, сфативме дека можеме да бидеме навистина конкурентни и да ги постигнуваме нашите цели, мора да бидеме цврсти во одбраната – особено против тим како САД“, рече Милс по мечот.