Мурињо: Еден англиски фудбалер ОДБИЛ да шутира пенал!

од Stefanija Kuzmanovska
474 прегледи

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо откри дека еден искусен репрезентативец на Англија одбил да изведе пенал против Италија.

Англија беше поразена од „азурите“ во финалето на Европското првенство по серија од пенали, а трагичари за „Гордиот Албион“ беа младите фудбалери Рашфорд, Санчо и Сака.

Мурињо смета дека стручниот штаб направил грешка при изборот на изведувачи.

„Премногу е за едно дете да има толкава одговорност на рамената, но не знам, морам да го прашам Герет Саутгејт, бидејќи се случи играчите кои требаше да бидат таму да ги нема, а играчите кои беа таму едноставно избегаа од одговорноста“, рече Португалецот за „Ток Спорт“.

Мурињо не сакаше да открие кој играч одбил да шутира пенал.

„Не ме прашувајте за кој играч станува збор затоа што нема да ви го кажам името, но ми рекоа дека еден играч требалo да шутира и одбил. Понекогаш тие работи се случуваат. Каде беше Рахим Стерлинг? Џон Стоунс? Лук Шо? Зошто Џордан Хендерсон или Кајл Вокер не останаа на теренот? Тоа Сака да ја има судбината на нацијата на неговите плеќи, е премногу. Навистина ми е жал за него“, истакна Мурињо.

Слични содржини