САД издадоа ново предупредување за несаканите ефекти од вакцината Џонсон и Џонсон

од Nikola Popovski
350 прегледи

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека ги анализира податоците за ретки случаи на нарушувања на нервниот систем, пријавени меѓу примателите на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19, откако САД додадоа предупредување за вакцината.

„Комитетот за безбедност на ЕМА ги анализира податоците обезбедени од „J&J“ за случаи на синдромот Гилен-Бареов (ГБС) пријавен по вакцинирањето“, соопшти ЕМА, додавајќи дека биле побарани дополнителни информации од Џонсон и Џонсон, објави Ројтерс.

Анализата на ЕМА уследи откако американската Администрација за храна и лекови (ФДА) вчера постави ознака за предупредување на GBS на листата со податоци за вакцините од компанијата, и откако ЕМА издаде предупредување за вакцината АстраЗенека, пред четири дена, поради потенцијални несакани ефекти.

Околу 12,8 милиони луѓе примиле вакцина за единечна доза на Џонсон и Џонсон во САД, додека компанијата распределила 18,6 милиони дози на земјите од ЕУ, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести

Слични содржини