287
Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција продолжува да расте. Во последните 24 часа се регистрирани 3.109 нови случаи, најмногу во последните два месеци.
Според податоците на Националната организација за јавно здравје, во последната недела на влезот во Грција биле откриени 164 новоинфицирани лица.
-Четворица пациенти починале, а на респиратор има 133 пациенти, пренесува АНА.
Просечната возраст на новозаразените е 42 години, а смртните случаи 78.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени 444.783 позитивни случаи, а починале 12.806 лица.
Фото: Μαριάννα Σπανού