511
Попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во населбата Железара, во која загинал еден пешак. Според информациите на очевидци, на местото на несреќата има зголемено присуство на полициски службеници.
Во моментот полициски службеници прават увид на местото на настанот, а од МВР најавија дека по завршувањето на увидот ќе соопштат повеќе информации за несреќата.
Иако нема официјална потврда, пешакот починал на лице место.