Голот на Шик против Шкотска најубав на ЕУРО (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Голот на чешкиот напаѓач Патрик Шик од центарот на натпреварот против Шкотска беше прогласен за најубав погодок на последното Европско првенство, објави Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Откако Чесите украдоа една топка во 52-та минута и тргнаа на контра, Шик шутираше од средината на теренот, совладувајќи го со лоб невнимателниот голман Дејвид Маршал.

Напаѓачот на Баер Леверкузен шутираше од 45,4 метри, што е официјално најдолгата забележана оддалеченост од која е постигнат гол на Европско.

Победникот беше решен од навивачите со своите гласови на официјалната веб-страница на УЕФА помеѓу 10 гола избрани од техничката комисија на централата.

Голот на Шик доби скоро 800.000 гласови.

На второто место е голот на францускиот играч за врска Пол Погба против Швајцарија, додека Лука Модриќ беше трет со погодокот на Шкотска.

На четвртото место е голот на италијанскиот напаѓач Лоренцо Инсиње против Белгија во четвртфиналето, а во топ 5 е голот на Португалецот Кристијано Роналдо против Унгарија.

Слични содржини