195
Велика Британија пријави повеќе од 42.300 нови инфекции со коронавирус во изминатите 24 часа.
Ова е првпат во скоро шест месеци бројот на новоинфицирани за еден ден да биде поголем од 40.000 во таа земја, и најголем број од 15 јануари, кога беа на сила остри мерки.
Бројот на новоинфицирани се очекува да се зголеми во наредните денови, а владата предупредува дека може да има нови 100.000 инфекции, за 24 часа во текот на летото.
Ненадејното ширење на вирусот во претходните недели е последица на позаразниот делта сој на коронавирусот.
Ова предизвика загриженост, имајќи предвид дека опуштањето на ограничувањата е планирано за следниот понеделник, пред се, укинување на обврската за носење маски.
Фото: Neil Hall – Pool/Getty Images