Дивац: Џордан денес ќе имаше просек од 80 поени на натпревар

од Stefanija Kuzmanovska
466 прегледи

ПРОСЛАВЕНИОТ српски кошаркар Владе Дивац играше во ерата на Мајкл Џордан, во која добро ги запозна неговите квалитети како играч. Во интервју за порталот „Бука“, Дивац објасни што мисли за кошарката на Џордан.

За него Мајкл Џордан е подобар од Леброн Џејмс.

„Дозволете ми да ви објаснам пластично. Ако го имате Џордан во денешно време, тој ќе имаше просек од 80 поени на натпревар според овие правила. Паспоредувајте кој е најдобар. Правилата се променија. Нема повеќе физички контакт, груба игра и нема фокусирани одбрани. Игра за публиката, што е убаво, за кош повеќе, што е исто така убаво, но ми се чини дека конкурентноста е изгубена. Неблагодарно е да се споредува една генерација со друга. Околностите се целосно различни“, смета Дивац.

Слични содржини