Арифи: Голем број тетовци се тестираат за Ковид-19 затоа што сакаат да одат на одмор

од Nikola Popovski
324 прегледи

„До 30-ти месецов ќе имаме 35.000 лица со две примени вакцини на нашиот пункт во градот“, информира денеска градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Според неа, се зголемува опасноста од нов корона бран и делта сојот во градот.

„Имаме поголема група на луѓе кои претстојуваат во Тетово кои се дојдени од странските земји, а втора работа е што поголема група граѓани исто така сакаат да одат на одмор и затоа се тестираат, инаку не одат по сопствена желба да се проверат. Од состанокот со Клиничкиот центар во градот, информираа дека во моментов немаат пациенти со тешка клиничка слика“, изјави Арифи за моменталната состојба во Тетово.

На вчерашната прес-конфереција, министерот за здравоство Венко Филипче изјави дека засега не се размислува за никакви регионални мерки, односно за карантин на Тетово, откако вчера беше објавено дека семеен кластер и една прослава довеле до зголемување во бројот на заразени.

Филипче посочи дека ставени се во изолација четворицата заразени со бразилскиот сој на вирусот, додека пак, за делта-сојот вели дека нема пријава за нови случаи.

Слични содржини