Казни за 193 возачи на мотоцикли, 122 не користеле кацига

од Nikola Popovski
267 прегледи

Вчера спроведовме зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 193 возачи, информираат од МВР.

Според нив, 122 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 40 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава а санкционирани се и други прекршоци.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, додаваат од полицијата.

Слични содржини