Вучиќ: Треба да воведеме трета доза и да размислиме за мешање на различни вакцини

од Nikola Popovski
219 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја повика медицинската професија што побрзо да донесе одлука за воведување на третата доза на вакцината и за можноста за мешање на различни вакцини.

„Наскоро, дефинитивно ќе мора да одиме со третата доза бидејќи многу од нив веќе го поминуваат тој рок, а за оние кои беа вакцинирани поминаа шест, седум или осум месеци, затоа ве молиме донесете ги тие одлуки наскоро“, рекол Вучиќ од здравственото одделение „Борча“.

Тој истакна дека епидемиолошката состојба се влошува и дека бројките се зголемуваат. Од друга страна, имаме доволно вакцини, посочил Вучиќ и ги повикал луѓето да се вакцинираат.

„Во моментов имаме 1,3 милиони бесплатни вакцини и нивниот рок не истекува. Немаме проблем со вакцините “, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија им порача на сите што зборуваат против вакцините да не бидат толку неодговорни, бидејќи секој што е вакциниран, како што наведе, има 95% поголеми шанси да преживее во споредба со оние што не го направиле тоа, пренесе Танјуг.

Слични содржини