АМСМ: За влез преку Табановце се чека околу половина час

од Nikola Popovski
218 прегледи

АМСМ информира дека на граничниот премин Табановце време на чекање за влез во државата околу 30 тина минути, од македонска страна, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, додаваат од таму.

Слични содржини