ВМРО-ДПМНЕ: Да се распише конкурс за ново лого за одбележување на независноста

од Nikola Popovski
306 прегледи

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ најостро го осудува изборот на лого за одбележување на 30 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија и според нив, предложеното идејно решение не претставува ништо друго, освен брутално сквернавење на знамето на Република Македонија како симбол на нејзината државност.

-Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави понуденото решение целосно неприфатливо. Од овие причини бараме итно и неодложно повлекување и распишување на нов Конкурс со прецизни параметри кои треба да бидат испочитувани при изборот на ново лого, велат од партијата преку соопштение.

Владата смета дека знамето на Република Северна Македонија има специфична државна вредност и истото не треба да се става во логоа за прослави. Тоа треба да се користи издвоено, засебно, чисто, со јасно истакнување на настани и исклучиво онака како што е пропишано во законот.

Оваа реакција на Владата слелдува по коментарите на социјалните мрежи за логото за одбележување на 30 години од независноста на земјата. Како што информираат од владата на логото за јубилејот „30 години независност“ истакна ти се симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста – Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30.

„Логото не го содржи државното знаме, Сонцето кое е употребено во логото е различно од Сонцето од државното знаме“ реагираат од Владата.

Слични содржини