Кривичен суд: Мали се дневниците од 500 денари за поротниците

од Nikola Popovski
444 прегледи

Согласно одлуката на Судскиот совет, во Основниот кривичен суд Скопје предвидено е да постапуваат 200 судии – поротници, а во моментов активни се 54. Заради тоа Судот постојано апелира до надлежните органи за избор на нови судии – поротници, но и ги охабрува граѓаните  на поголем одзив на огласите за избор на поротници.

Во последниот оглас објавен од Кривичен суд Скопје, за судии поротници биле пријавени 15 судиите поротниците, од 50 колку што се барале, а седум од пријавените биле на возраст од 58 години.

– Дневницата е мала. На месечно ниво земат по 6000 денари, односно 500 денари од ден. Имаме различни ситуации со судиите поротниците. На сред судење во случајот „Ласкарци” судија поротоник го известил судијата на предметот дека ќе си оди и законот не предвидел механизам во ваква ситуација да му се наметне на поротник да остане. Има случај кога судија поротник си заминал во Германија, велат од Кривичен суд Скопје за МИА. Од таму признават дека пропаѓаат предмети поради нив и дека таа функцијаа не е мотивирачка.

Од Судот појаснуваат дека судовите немаат правен механизам да ги обврзат судиите – поротници да постапуваат и по истек на нивниот мандат, навршување на старосната граница или доколку од лични причини одлучат да се откажат од функцијата.

„Судиите – поротници ја претставуваат – граѓанската одговорснот во судските процеси со оглед да нивната одлука може да биде пресудна во судските процеси. Заради тоа потребни се Законски измени и унапредување на правата, но и обврските на судиите – поротници“, велат од Судот.

Годишно во Кривчниот суд Скопје, се судаат преку 100.000 предмети, од кои 70.000 предмети се нови. Согласно систематизацијата на овие предмети требат да работат 74 судии.

Слични содржини