„Марка“: Мбапе сака да замине, Реал го чека

од Vladimir Zorba
311 прегледи

„Марка“ денес објави статија во која ја анализира ситуацијата околу Килијан Мбапе. Според угледниот шпански весник, тој е главна тема во Реал веќе неколку месеци, а на Пари Сен Жермен му е јасно дека младата sвезда сака да си замине.

Шпанците, исто така, пишуваат дека Мбапе ова веќе им го потврдил на челниците на клубот, иако тие се подготвени да му понудат огромен договор, кој никој друг нема да може да му го даде. Исто така, францускиот напаѓач има одлични односи со тренерот Маурисио Полетино, па во Париз се надеваат дека тоа може да го наведе да остане, но засега нема индиции дека ќе биде така.

За Мбапе, парите не се најважните во моментот – тој смета дека не може да ги исполни сите свои амбиции во ПСЖ и затоа сака да си замине, пишува „Марка“. Тој сака да биде главен играч во тимот, што покрај Нејмар, досега не му успева.

Парижаните беа подготвени за тоа, па се обидоа да воспостават преговори со Лео Меси, кој сега реши да остане во Барселона. Сега чекаат Мбапе да се врати од одмор за да одлучат што понатаму. Неговиот договор истекува следното лето и би било навистина лошо да се пушти таков играч бесплатно.

Доколку се решат да продаваат, Реал чека и е подготвен да го донесе, а самиот Мбапе би сакал да се пресели во Мадрид. Пари Сен Жермен во тој случај би се обидел да го замени со Кристијано Роналдо.

Слични содржини