Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите објавени од телевизија Алфа дека нашата држава односно МВР ќе гради камп за мигранти во скопската населба Бардовци и бараме демантот да биде објавен, а лажната вест повлечена, стои во соопштението од МВР:
-Медиумите, вклучително и вашиот медиум, до сега многу пати беа известени со прецизни информации околу градбата, а вашиот медиум ја пласира истата лага за да го вознемири населението.Потенцираме дека Република Северна Македонија ниту има ниту гради, камп за мигранти.Функционираат транзитните центри во Гевгелија и Табановце, но тие се транзитни центри, а никако центри во кои би останале подолго мигранти и тоа јасно се гледа од досегашното функционирање.Прифатни центри за странци има во секоја држава и апсолутно немаат врска со мигрантите, како што сака да прикаже вашиот медиум.Ваков центар со години имаме и ние како држава и е лоциран во Гази Баба, Скопје, но условите во него се многу лоши и токму поради тоа се гради нов објект. Значи не се гради нов центар туку нов објект за веќе постоечкиот центар.Бараме од вашиот медиум целосно повлекување на дезинформација и извинување на граѓаните. Доколу веста не е повлечена, МВР ќе ги преземе сите расположиви правни мерки, регираат од МВР.