Сите ја разбираме сложеноста на овој процес. Посебен акцент е ставен на прашањето за компромис кој би бил прифатен од Северна Македонија и Бугарија, рече словенечкиот претседател Борут Пахор, по средбата со неговите колеги од Хрватска Зоран Милановиќ и од Австрија Александар Ван дер Белен.
Тој вчера изрази надеж дека до октомври, кога Словенија е домаќин на самитот на лидерите на Европската унија и Западен Балкан, може да се постигне компромис, кој ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
-Тоа е еден од ретките мерливи резултати на словенечкото претседавање. Ако успееме во тоа, што нема да биде едноставно, тогаш можеме да кажаме дека сме направиле многу за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, бидејќи ќе ја зајакнеме довербата во веродостојноста на Унијата, која претходно и вети на Северна Македонија дека доколку ги исполни сите услови поврзани со грчката блокада, ќе добие „зелено светло” за продолжување на преговорите, рече Пахор.
Милановиќ рече дека на „Северна Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата”.
– И околу Западен Балкан, и околу Северна Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Северна Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат Северна Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата, рече Милановиќ.
Шефот на словенечката држава објасни дека е многу важно, геополитичко прашање
Според Пахор проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, е ваѓно геополитичко прашање, затоа што „некои други играчи ќе влезат во тој простор на југозападна Европа”. Истиот став го дели и австрискиот претседател Ван дер Белен, кој смета дека „тоа е еден од приоритетите, пред се, поради историски, економски и семејни причини”, нагласувајќи дека тоа е важно прашање за Австрија.