Тадиќ во Ајакс до 2024-та

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Душан Тадиќ ќе биде играч на Ајакс до 2024 година. Челниците на клубот од Амстердам по секоја цена сакаа да обезбедат престој на капитенот на српската репрезентација и успеаја во таа намера.

Стариот договор на српскиот ас истече на 30 јуни 2023 година. Сега соработката е продолжена за уште една година. За време на летниот преоден рок, Тадиќ беше во контакт со Милан, но сега е јасно дека ќе остане во Холандија.

Душан дојде во Ајакс летото 2018 година од Саутемптон. Оттогаш, тој одигра 149 официјални натпревари за поранешниот европски шампион и постигна 76 гола. На почетокот на минатата сезона тој беше назначен и за капитен.

„Јасно е дека Душан е една од клучните алки во нашиот тим. И на теренот и надвор од него, тој е лидер. За нас беше приоритет да останеме во Ајакс што е можно подолго. Тој е физички беспрекорно подготвен и во голема мера ќе придонесе за нашиот успех во иднина“, изјави директорот на Ајакс, Марк Овермарс.

Слични содржини