МУРИЊО ПОЧНА СО 10:0! Португалецот без милост во првиот натпревар на клупата на Рома

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Жозе Мурињо не чекаше долго за нов ангажман по отказот во Тотенхем. Брзо најде нова работа. Тој потпиша тригодишен договор со Рома и со тоа создаде вистински хаос во Италија.

По пристигнувањето во Рим, тој предизвика делириум, а сега го имаше и своето деби на клупата на „волчицата“. Сепак, зад затворени врати и против тим што се натпреварува во Серија „Д“.

Во секој случај, неговите избраници беа немилосрдни против Монтекатини. Мечот заврши со 10:0!

Три гола постигна Борха Мајорал, додека во листата на стрелците се запишаа и Николо Заниоло, Карлес Перез, Џанлука Манчини, Рикардо Калафиори, Никола Залевски, Амаду Дијавара, а исто така беше виден и еден автогол.

Португалецот почна да носи и засилувања, пристигна неговиот сонародник, голманот Руи Патрицио. Се очекува до крајот на преодниот рок да има уште нови играчи.

Слични содржини