Научниците во ШОК од КАТАКЛИЗМАТА: „Влеговме во несакан домен, порано од очекуваното“

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Поплавите во Германија ги шокираа научниците кои работат на климатските промени. И покрај нивното знаење за несреќите што неизбежно ги донеле климатските промени, тие биле изненадени од интензитетот и размерот на природните катастрофи што ја снашле планетата. По смртоносниот топлотен бран во САД и Канада, каде што температурите пораснаа над 49,6 ° C пред две недели, поплавата во Централна Европа дополнително ги зголеми стравувањата дека климатските нарушувања предизвикани од човекот предизвикуваат екстремни временски прилики од поголем обем дури порано, отколку предвиденото.

Во сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, по рекордни поплави, се излеаја бројни потоци и реки. За обемот на поплавите најдобро сведочи фактот дека делови од Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија беа поплавени, што резултираше со најмалку 93 смртни случаи и десетици илјади поплавени домови. За само 48 часа наврнаа 148 литри дожд на метар квадратен. За споредба, тој дел на Германија во текот на јули обично „гледа“ 80 литри дожд. Научниците постојано предупредуваат дека човечките активности ќе предизвикаат се повеќе поплави, горештини, суши, бури и други форми на екстремни временски услови, но неодамнешните, скоро апокалиптични настани за жал ги надминаа и најпесимистичките очекувања.

„Изненаден сум од овие бројки. Рекордите се соборени. Сега влеговме во непожелен домен, порано отколку што очекувавме“, рече Дитер Гертен, професор по климатологија и хидрологија на глобалните промени на Институтот за климатско влијание во Потсдам.

На научниците ќе им треба повеќе време да проценат до кој степен човечките активности се причина за временски непогоди во Германија, но тие веќе тврдат дека рекордните поплави се во согласност со пошироките глобални трендови.

Ублажувањето на климатските промени е едно од основните прашања со кои се бави Европскиот парламент. Во јуни 2021 година, со усвојување на европска регулатива за климата, Парламентот отвори пат за други амбициозни цели, намалување на емисиите на стакленички гасови во Европа за 55 проценти до 2030 година и постигнување на климатска неутралност до 2050 година.

„Со климатските промени, очекуваме сите хидрометеоролошки крајности да станат поекстремни. Иако бројките се повисоки отколку што очекувавме, она што го видовме во Германија во голема мера е во согласност со овој тренд“, рече Карло Буонтемпо, раководител на одделот за климатски промени на Институтот за одржлив развој Коперникус во Утрехт, Холандија.

Во прилог на неговата теза е и фактот дека седумте најтопли години од измерената температура се случија од 2014 година до денес и се верува дека таквото затоплување е предизвикано од издувните гасови на моторите, горењето на шумите и други човечки активности. Компјутерските модели предвидуваат дека рекордите ќе се рушат почесто и на се повеќе места низ планетата.

„Кога зборуваме за екстремни температури, бури и поплави, САД и Западна Европа честопати се во фокусот на медиумите, но исто така видовме и извонредна жештина во северна Европа и Сибир. Не станува збор за локализирани инциденти, туку за глобални промени што можат да се видат на секој агол на светот“, предупредува Даниел Свејн, климатски научник од Универзитетот во Калифорнија.

Така, во јуни беше забележана и рекордна топлина во Лапонија и делови на Сибир, како и во голем број градови во Индија, Пакистан и Либија. Предградијата на Токио беа погодени од најсилниот дожд од почетокот на мерењата, а количината на дожд што обично паѓа во Лондон за еден месец, се излеа во градот за само еден ден овој јули.

Слични содржини