„Економските политики и мерки, што ги реализира Владата предводена од СДСМ обезбедуваат стабилност и развој на домашната економија и за време на светска криза. Преземените мерки доведоа до тоа, во време на пандемија, да имаме раст на минималната и на просечната плата и да имаме пад на невработеноста“, вели Размена Дуровиќ Чекиќ, претседателка на Комисијата за економија на СДСМ.
„Минималната плата е зголемена за 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари. Просечната плата денес е на највисоко ниво, над 28.000 денари. Во април годинава е регистриран раст на просечната плата за 10 отсто во споредба со истиот месец лани“, истакна таа.