Најдобриот играч на Јувентус, а според мислењето на многумина, моментално најдобриот играч на светот, Кристијано Роналдо им ја соопшти својата одлука на челниците на „старата дама“ во врска со шпекулациите дали од следната сезона ќе носи дрес на друг клуб, открива „Газета дело спорт“.
Имено, фантастичниот Португалец е подготвен да остане уште една сезона во Јувентус и би се согласил да му биде преполовена платата.
Медиумите шпекулираат дека тој може да потпише за Пари Сен Жермен од следната сезона, некои го преселија во Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но нема ништо од тоа, изјави Жорже Мендеш, неговиот агент.
Роналдо е член на Јувентус од летото 2018 година, досега има одиграно 133 натпревари за „старата дама“ и постигнато 101 гол. Импресивно.