Хоџа: Земјоделците да не дозволат да бидат злоупотребувани од политичките партии

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Нема да дозволам политички цели да навлегуваат во делот на земјоделството. Секогаш кога луѓето што протестираат се во право или има врска со земјоделството јас сум спремен да седнам и да разговарам за да изнајдеме решение, порача вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

-Тоа и го правев со истите не повеќе од 100-тина луѓе што денеска протестираа во Прилеп. Мене ми е жал што некоја политичка партија сака да ги злоупотребува и само апелирам да не дозволат да бидат злоупотребувани од политичките партии. Што и да има во делот на земјоделството Министерството е отворено и таму е местото каде треба да се одвива дијалог и да се решаваат проблемите, изјави Хоџа за „Канал 5“.

Нагласи дека за него е разбирливо да излезат да протестираат сточарите кои не ги добиле субвенциите иако, како што рече, и за тоа има одговор, но не и кога нема никаква допирна точка со делот на земјоделството.