Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не и помага на државата да направи исчекор кон ЕУ, вели Хоџа

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Генералниот секретар на движењето „Беса“ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа смета дека Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, не и помага на државата да ги отвори преговорите со Европската Унија.

– Секој, вклучително и Албанците и другте етнички заедници ја поддржуваат македонската етничка заедница и мислам дека нема ништо спорно што да се убедуваме внатре како треба да настапи државата по ова прашање. Напоменувам, текот на преговорите треба да оставиме да се одвива и затоа мислам дека начинот на кој се поставени овие „црвени линии“ не и помагаат на нашата држава во отворањето на преговарачкиот процес, односно исчекорот напред кон ЕУ, изјави Хоџа во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ.