Актуелниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, Душко Вескоски најверојатно ќе биде кандидатот на СДСМ во Општина Карпош на претстојните локални избори, дознаваме од наши извори.
Карпош беше една од општините за кои лидерот на партијата, Зоран Заев не соопшти конечен кандидат пред неколку дена.
Тој соопшти 30 имиња на кандидати за градоначалници на општини и најави дека сите кандидати за градоначалници ќе бидат познати до крајот на јули или почетокот на август.
Весковски е поранешен претседател на ОО СДСМ Карпош и актуелен организациски секретар на партијата, а неговото име беше во комбинација и за минатите избори, но тогаш партијата му изгласа доверба на Стефан Богоев.