С.Македонија со најдобра оценка за управувањето со јавните финансии во регионот

од Берта Китинска
337 прегледи

Институтот за европска политика – ЕПИ, оцени дека Северна Македонија е најдобра во управувањето со јавните финансии во споредба со останатите земји од Западниот Балкан, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020

Како важни чекори преземени за подобрување на состојбата со управувањето на јавните финансии во извештајот се истакнуваат креирањето на значајни апликации и веб страници за слдење на јавните финансии, како и објавувањето на граѓанскиот буџет.

Најголем напредок во однос на претходниот извештај од 2017/2018 година има во делот на отчетност и транспарентност на Владата. Наодите од извештајот покажуваат дека се забележува подобрување во делот на проактивното информирање на јавноста од страна на институциите.

Се истакнува фактот што сите институции ги објавуваат документите, законите и прописите од својот сектор и тие информации се лесно достапни за граѓаните. Во анкетата спроведена за потребите на истражувањето, мнозинството од граѓанските организации потврдиле дека информациите од јавен карактер кои ги барале, ги добиле во предвидениот рок, бесплатно и во бараниот формат.

Слични содржини