Ја поздравувам секоја иницијатива што може да придонесе за развој на демократијата и која може да развие алтернативни политики кои потоа заедно би ги имплементирале во пракса, кажа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Според Шилегов во секоја демократска држава правото на секој граѓанин е да избира и да биде избран.
-Ќе ги видиме резултатите од изборите и која листа како ќе освои, каква ќе биде структурата на Советот и тогаш од позиција на градоначалник ќе ја реализирам соработката со членовите на Советот на Град Скопје, рече скопскиот градоначалник .