Попов: Почнуваме со активност врата до врата, СДСМ останува со граѓаните

од Берта Китинска
262 прегледи

Од денеска започнуваме со нова фаза на интензивни теренски активности, СДСМ оди од врата до врата, пред домовите на нашите сограѓани. Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, секое семејство, да разговараме за сработеното но и да ги слушнеме нивните потреби, најави на прес-конференција организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Попов.

„Заеднички, со граѓаните ја креираме најдобрата програмската понуда на СДСМ за локалните избори.Понуда за граѓаните, која ќе го унапреди квалитетот на живот во секое населено место, во секоја општина.Предлозите, коментарите и барањата, кои ги добиваме на маалските и урбани средби, на граѓанските трибини, на средбите со целни групи, веќе ги систематизираме и анализираме, рече Попов.

Слични содржини