Милвоки Бакс дојдоа на чекор до титулата по победата против Феникс Санс во петтиот натпревар, а мечот го одбележаа Дру Холидеј и Јанис Адетокумбо, кои спречија херојски пресврт на домашниот тим за неколку секунди на крајот.
Милвоки влезе со десет поени предност во последните три минути, но Феникс со серија поени се доближи на чекор од голем пресврт. „Санс“ имаа напад на 30 секунди до крајот и негатива од еден поен и шанса да дојдат до голема победа.
По помалку од 10 секунди, најдобриот играч на Феникс, Девин Букер, започна да се пробива, но тој беше запрен на врвот на рекетот од Дру Холидеј, кој му ја зеде топката од неговите раце и започна со контранапад.
Адетокумбо следеше сè, и кога Холидеј фрли топка во височина, тој само прелета низ воздухот, ја фати топката и ја заби монструозно, па дури и ја удри главата во таблата.
Милвоки со тоа дојде до голема победа и е на чекор до титулата што ја чекаат точно 50 години.