Отворен времениот премин Стрезимир – Рестелица

од Берта Китинска
226 прегледи

Денеска, заедно со г-ѓа Реџепи, Вицепремиер на Република Косово, и г-дин Свечла, Министер за внатрешни работи на Република Косово, присуствувавме на отворање на времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица, кој се определува да работи во периодот од 18 јули до 01 септември годинава, со работното време од 08.00 до 20.00 часот, а кој е во интерес на жителите од пограничните региони, за нивно непречено транзитирање од двете страни на границата, независно дали станува збор за економски, приватни или други причини, информираше министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

Тој вели дека граничната безбедност заедно со слободниот и непречен трансфер на стоки и патниците преку границите, се примарни цели на системот на интегрирано гранично управување, но и на регионалната и, пред сѐ, на билатерална гранична соработка.

-Досегашната наша соработка со колегите од косовското Министерство за внатрешни работи, вклучително и во делот на граничното управување и граничната безбедност, од година во година бележи евидентен напредок не само низ призмата на секојдневните гранични активности на Заедничкиот контакт центар, на граничните полициски служби, мешовитите патролирања и слично, туку и во постојаната заедничка иницијативност таа соработка да се продлабочува и интензивира.Остануваме отворени кон сите регионални и европски иницијативи, програми, активности што се во интерес на сите наши граѓани, но и на граѓаните од регионот и соседството, информираше Спасовски.