Од Основниот кривичен суд во Скопје информираат дека денешното рочиште за предметот „Плацови на Водно“ ќе се одложи.
-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 познат како „Плацеви на Водно“, ја информираме јавноста дека заради барање на одбраната за превод на доказите на Јавното обвинителство доставени на англиски јазик, на македонски јазик, како и зафатеност на адвокатот поставен по службена должност во предметот означен од обвинителството како „ТНТ“, денешното судење за „Плацеви на Водно“ се одлага.
Главната расправа продолжува на веќе закажаниот термин на 19 – ти август 2021 година во 10:00 часот, за што веќе се известени и странките во постапката, соопштија од судот.