Сите финансиски услуги ќе бидат достапни на шалтерите на Пошта до крајот на месецов

од Берта Китинска
328 прегледи

До крајот на месецов сите финансиски услуги ќе можат да се извршуваат на сите 300 шалтерите на Пошта низ целата држава, најави денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.

– Утринава имавме завршни разговори со банката која ги врши услугите и до крајот на месецов ќе бидат достапни сите услуги за граѓаните. Имаме 40-тина услуги кои се во рамките на договорот што е потпишан со „Халк банка“, вклучувајќи пензии до дома, рече Макрадули во одговор на новинарско прашање по работна посета на Поштата ЕПМ 1013 во Шуто Оризари.

Тој потенцира дека покрај веќе воспоставеното плаќање со образецот ПП 30 за буџетски корисници, деновиве ќе почне да функционира и со ПП 10.

Слични содржини