Законот за недела неработен ден оди на второ читање

од Берта Китинска
321 прегледи

Мнозинството членови на Комисијата за труд и социјална политика  дадоа зелено светло на Законот за работни однос со кој недела ќе биде неработен ден.

Комисијата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во прво читање и едногласно оценија дека е прифатлив и може да се даде на натамошно, на второ читање

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска образложи дека дека ова законско решение е наменето за работниците и додаде оти не сакаат да има отпуштање на работници.

Посочи на подготовката на ова законско решение и на помошта од Сојузот на стопански комори, кој, како што рече, направи анкета кај своите членки и врз основа на таа анкета околу 70 отсто се изјасниле дека е прифатливо ова решение и дека треба како такво да се процесуира.

-Дополнително, на седниците на Економско социјалниот совет двата главни партнери, покрај нас, како предлагач, како министерство, Организацијата на работодавачи застана и го брани ова законско решение, се согласни во делот на надоместокот, рече Шахпаска.

Слични содржини