Од четврток, Македонија ќе биде ставена на зелената листа на земји чии граѓани ќе можат да влезат на Кипар без ограничувања.
Како што соопшти Министерството за здравство на Кипар, заедно со С. Македонија, и Србија и Канада денес се преместени од портокаловата на зелената листа, а на патниците кои доаѓаат од овие земји не им е потребен ПЦР-тест или карантин за влез на Кипар, објави „Сајпрас мејл“.
Според епидемиолошката состојба, Лихтенштајн, Данска и Франција беа ставени на портокаловата листа од зелената листа, додека Малта беше префрлена од зелената и Холандија од портокаловата во црвената категорија на земји.
Патниците кои доаѓаат од земјите на портокаловата листа можат да влезат со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, а оние што се на црвената листа покрај овој тест, исто така, мора да бидат тестирани и по пристигнувањето на Кипар.