Откако на социјалните мрежи се споделува видео од новиот кружен тек во Струмица, кој според прикажаното, е асиметричен, а автомобилите влегуваат во пешачкиот премин, се огласија од општина Струмица. Според нив, станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.
-Второ, станува збор за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите стручни лица и сите надлежни институции, меѓу кои СВР Струмица и Советот на општина Струмица. Трето, потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинова“ кон улицата „24-ти Октомври“ и од улицата „24-ти Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно направени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во најголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24ти Октомври“ и од неа кон излезот на градот, велат од општината.
Од таму апелираат јавноста да има трпение за проектот да биде целосно завршен, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.
-Реализацијата на проектот беше на барање на сите граѓани заради појавата на голем број на сообраќајни незгоди и загушувања кои постојат на оваа крстосница, со што и во прв план ја имавме практичноста и функционалност, а не неговата симетрија и изглед, додаваат од општина Струмица.
На Фејсбук денеска се споделува видео од птичја перспектива од новиот кружен тек во Струмица.
-Повеќе од јасно е дека самиот кружен не е воопшто добро центриран и автомобилите влегуваат во пешачкиот премин, а тоа не е дозволено, стои во објавата на социјалнта мрежа.