Руската Федерална биомедицинска агенција започна клинички испитувања за нов препарат за спречување на коронавирусот, објави прес-службата на ФМБА.
Поточно, ова е прва и втора фаза на тестирање на антигенската рекомбинантна вакцина.
Во јуни годинава успешно беа завршени предклиничките испитувања на препаратот, како резултат на што се докажаа неговата безбедност, имунитет и заштита, прецизираа од прес-службата.
200 лица на возраст меѓу 18 и 60 години ќе учествуваат во новите фази на испрашувањето, додаваат од прес-службата на ФМБА.
Вакцината е направена на нова технолошка платформа и е насочена првенствено на развој на клеточен имунитет и работи против вирусните протеини кои се најмалку подложни на мутации.
Во Русија се регистрирани четири вакцини против корона – „Спутник Ве“ (Спутник V) од центарот „Гамалеја“, „ЕпиВакКорона“ од центарот „Вектор“, „КовиВак“ од центарот „Чумаков“ и „Спутник лајт“.