Турција работи на зголемување на бројот на земји што ја признаваат независноста на Косово, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека ќе разговара и за ова прашање со американскиот претседател Џо Бајден.
„Каде и да има угнетувани земји, ние сме тука да помогнеме, а една од овие земји е и Косово. Се обидуваме да работиме на зголемување на бројот на земји што го признаваат Косово. Сега 114 земји го признаваат Косово и сакаме тој број да се зголеми. Се надеваме дека оваа година, на Генералното собрание на Обединетите нации, на состанокот што ќе го имам со Бајден, повторно ќе разговараме на оваа тема, дека ќе работиме заедно на прашањето за признавање на Косово “, изјави Реџеп Таип Ердоган пред турските новинари пред да замине за турскиот дел од поделениот Кипар, објавија турските медиуми.
Турција беше една од првите земји што го призна едностраното прогласување на независност на Косово во 2008 година.