ЕДЕН од учесниците во смртоносниот напад од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз американскиот Капитол во јануари годинава беше осуден на осум месеци затвор.
Пол Хоџкинс, 38-годишен човек од Флорида, е првиот демонстрант, кој влезе во Капитол Хил, а е осуден.
Тој ја призна својата вина минатиот месец.
Казната е помала од таа од една и пол година, која беше побарана од локалното министерство за правда.
Федералниот окружен судија Рандолф Мос рече дека Хоџкинс придонел за сериозно злосторство против демократијата, но дека заслужува некаква поблага казна, затоа што се изјаснил за виновен „екстремно рано“ во процесот и не учествувашл во ниту едно од насилствата на 6 јануари. Сепак, Мос ги осуди постапките на Хоџкинс.
Вкупно, биле обвинети скоро 550 демонстранти.