Лукаревска: СДСМ верува во еднаквоста на мажите и жените

од Nikola Popovski

Ние како СДСМ, како одговорна и државотворна партија која го воведе и негува концептот на 50-50 на изборните листи кој носи позитивни резултати, веруваме во еднаквоста на мажите и жените, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска учествуваше на граѓанска трибина организирана од Форумот на жени на СДСМ Куманово.

Според неа, преку спроведените реформи преку проектите за поддршка на жените претприемачки и жените земјоделки, успеале да ја мотивираат жената да биде дел од претприемачкиот свет да биде дел од механизмите кои го градат општеството.

-И нема да застанеме тука, заради одговорноста на СДСМ се повеќе жени се охрабрени, тоа е наша гордост. Како заменик претседателка на најголемата партија ќе се борам да се слушне гласот на жената, ќе се борам да имаме што повеќе кандидатки за градоначалници, што повеќе носителки на листите за советници, затоа што само така ќе продолжи процесот на промени кон целосна еднаквост, заклучила Лукаревска.

Слични содржини