Нема нови рестрикции, состојбата со вирусот е стабилна, велат надлежните

од Берта Китинска
270 прегледи

Комисијата за заразни болести не препорача нови рестриктивни мерки за заштита од пандемијата.

„Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисјата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба“ велат од МЗ.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Слични содржини