НЕМА ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКЦИИ: Скопје и Тетово со најмногу заразени

од Берта Китинска
297 прегледи

И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за КОВИД-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, соопшти Министерството за здравство.

Лесно зголемување на нови ковид-случаи се забележани во Скопје и Тетово.Од 221 активен случај во државата, во Скопје се 85, во Тетово 78.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487.

Слични содржини