ПОПУШТАЊЕ НА МЕРКИ ВО АЛБАНИЈА: Музика до 23 часот, полициски час од полноќ, маските за затворени простории се уште задолжителни

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Од денес, баровите и кафулињата во Албанија имаат право да пуштаат музика до 23 часот, наместо претходните 22:00, полицискиот час е сè уште во сила од полноќ до 6 часот наутро, објави денеска Техничкиот комитет на експерти, кој одлучува за мерките против коронавирусот.

Од 15 јуни, до 50 лица имаат дозвола да се собираат надвор, додека носењето маска во затворен простор е сè уште задолжително, пренесува порталот „Албаниан дејли њуз“.

Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3 проценти во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.

Слични содржини