Трагедија во РЕК Битола: Загина работник, откако го затрупала земја

од Берта Китинска
266 прегледи

На 20.07.2021 во 02.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја, бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп.Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола, информираа од МВР.

На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Од РЕК Битола информираа дека синоќа во рудникот Суводол загина работник.

Со длабоко жалење известуваме дека синоќа, при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работникот Т.К., 38 години. Покојниот бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК Битола како ракувач на булдожер и изведувал задача на поместување на јаловински маси. Во моментот на насреќата, од се уште неутврдени причини, работникот го напуштил булдожерот, истовремено дошло до одронување на земја која го затрупала, при што исходот бил со смртни последици.
Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи извршија увид на местото на несреќата, а согласно процедурите за расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан, земени се и изјави од колегите и претпоставените на починатиот.

РЕК Битола упатува длабоко сочувство до семејството на загинатиот.

Јавноста ќе биде известена за наодите на наделжните органи по завршувањето на законски предвидените дејствија”, се вели во соопштението.

Слични содржини