200
„Новиот закон за бесправни изградени објекти е закон кој што ние ги направивме сите консулатации, после првичната верзија и направените дополнителни ослободувања и олеснувања во однос на сите овие постапки“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во емисијата „Жешко политичко лето“.
Според него, како министерство ги послушале сите институции, невладини организации, асоцијации и креирале законско решение.
„Нема да се дозволи легализацијата на објекти во заштитените зони и подрачја. Прогресивното плаќање исто е новина. Секој оној што ќе стави правна рамка поголем објект ќе биде прогресивно оданочен или платен преку општината со комунален надоместок“, истакнува Бочварски.